Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВ УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА – МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ДВОР НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – Инцидентот бил снимен со телефон, видеото објавено на социјална мрежа

Малолетно момче било физички нападнато во дворот на основното училиште во гостиварското село Долна Бањица, а инцидентот бил снимен со мобилен телефон. Според пријавата во полицијата, снимката подоцна била објавена на социјална мрежа.

На 11 ноември 2026 година, во 19:00 часот, 33-годишен жител на Долна Бањица пријавил во ОВР Гостивар дека истиот ден, околу 15:30 часот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице во училишниот двор. Според пријавеното, лицето кое го извршило нападот било придружувано од уште неколку лица.

Дополнително, таткото пријавил дека целиот настан бил сниман со мобилен телефон, а видеоснимката потоа била споделена на социјална мрежа. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

„ФИАТ ПУНТО“ УДРИЛ ВО ПЕШАК ВО ТЕТОВО – 31-годишен маж со тешки повреди завршил во болница

ДЕСК

ВОЗЕЛ „МИЦУБИШИ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата приведе 36-годишник и му го одзеде автомобилот

ДЕСК

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

ДЕСК