Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата „29 Ноември“ во Тетово, каде патничко возило „фиат пунто“ удрило во пешак. Во несреќата тешко е повреден 31-годишен жител на Тетово.
Според информациите од СВР Тетово, на 11 ноември 2026 година, во 17:50 часот, било пријавено дека автомобилот со тетовски регистарски ознаки, управуван од 69-годишен тетовец, удрил во 31-годишниот пешак.
Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.


