Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СО 1,67 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА – Уапсен возач на „мерцедес“ на патот Битола–Прилеп

На 10.11.2026 во 15:50 часот на патот Битола–Прилеп, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 49-годишен жител на село Кукуречани, битолско.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал 49-годишниот маж. По извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,67 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО БИТОЛА – „Фиат“ удри во 74-годишна жена, со тешки повреди заврши во болница

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БИТОЛА – „Фиат“ удри во 74-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница

ДЕСК

ХОРОР ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО БИТОЛА – 21-годишна девојка пријавила насилство и закани од партнерот

ДЕСК