На 10.11.2026 година во 12:00 часот, 26-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од 46-годишно лице од Сојузна Република Германија.
Според пријавеното, на 26.10.2026 година, додека пребарувал на германска интернет-страница за продажба на возила, забележал патничко моторно возило „ауди А5“. Преку свој пријател кој престојува во Германија остварил контакт со продавачот, при што бил договорен купопродажен износ од 8.000 евра.
Како капар биле уплатени 800 евра, а по добивањето фотографија од наводен договор за купопродажба, на 29.10.2026 година преку банкарска сметка биле префрлени дополнителни 6.000 евра. Откако ангажираната шлеп-служба пристигнала на дадената адреса во Германија, било утврдено дека пријавеното лице не живее таму и дека адресата е лажна.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


