Centar.mk
БИЗНИС

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ КОРИСТАТ БАНКИ – ОД ДЕНЕСКА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПЛАЌАЊАТА – Се менуваат налозите и означувањето на денарските сметки

Од 9 ноември почнува примената на новите стандарди за домашните денарски плаќања, со промени во платежните налози, шифрите за намената на трансакциите и прикажувањето на сметките. Усогласувањето со меѓународниот стандард ISO 20022 опфаќа и хартиени и електронски налози.

Постојниот број на денарската сметка се задржува, а пред него се додава ознаката МК07 за користење во ИБАН-формат. Новите хартиени обрасци се црно-бели и го носат логото на соодветната банка, додека досегашните нумерички шифри за целта на плаќањето се заменуваат со четиризнаковни ознаки составени од букви и бројки. Банкарските системи го вградуваат дополнувањето на бројот на сметката во платежните налози.

Можеби ќе ве интересира

УЈП ОБЈАВИ НОВ ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТ – Достапни се електронски аукции за движни и недвижни ствари

ДЕСК

ХРАНАТА ПОВТОРНО ПОСКАПЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА – Инфлацијата достигна 3,3 отсто на годишно ниво, објавени најновите податоци

ДЕСК

Бројот на одобренијата за градење во септември 2026 година е намален за 19.4 % во однос на истиот период од претходната година

ДЕСК