Во текот на 8 и 9 ноември 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица, меѓу кои и 16-годишен малолетник, поради пронајдени и одземени материи при полициските контроли.
Според информациите од полицијата, приведени се тројца жители на Скопје на возраст од 33, 19 и 43 години, 16-годишен малолетник од скопското село Визбегово, како и 38-годишен жител на општина Сарај.
При полициските интервенции кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана. По целосното документирање на одделните случаи, ќе следуваат соодветни поднесоци.


