Centar.mk
СВЕТ

Новинар: Вашето богатство се зголеми за 3 милијарди долари; Трамп: На сите им се зголеми

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на новинар од Си-би-ес дека „требало да поседува акции“, откако новинарот – за време на интервју за емисијата „60 минути“ – истакна дека неговото лично богатство, за разлика од она на Трамп, не се зголемило за три милијарди долари откако тој се вратил во Белата куќа.

Во разговорот, новинарот Рос Даутат се повика на податоци од „Форбс“ кои покажуваат дека нето-вредноста на имотот на Трамп пораснала за дури три милијарди долари откако тој се вратил на власт. Кога Трамп возврати со забелешката дека вредноста на средствата на берзата се зголемила за „сите“, новинарот нагласи дека тоа очигледно не важи за сите граѓани, додавајќи дека тој лично не заработил три милијарди долари.

„Па, требаше да поседуваш акции“, одговори Трамп.

„Воопшто не се грижам за парите; моите синови го водат бизнисот.“

На прашањето како точно неговиот имот се зголемил за толкава сума додека тој ја води државата, Трамп тврдеше дека речиси воопшто не посветува време на своето богатство и дека со неговите финансии управуваат неговите синови.

„Не ми е важно. Имам многу пари – многу повеќе отколку што некогаш сум мислел дека ќе имам. Претпоставувам дека вредноста пораснала; ни јас самиот не знам. Имам син кој е многу чесен, добар човек; тој се грижи за парите, а јас дури и не разговарам со него за тоа. Имам доволно средства уште од пред да дојдам овде, а дури и не земам плата“, рече Трамп.

Тој ги отфрли загриженостите во врска со судирот на интереси и тврдењата дека ја користи својата позиција за да му донесе корист на сопствениот бизнис, истакнувајќи дека неговите инвестиции се диверзифицирани преку широки берзански индекси. „Јас поседувам компанија, а моите синови ја водат. Тешко е да им кажам: ’Не правете ништо во следните четири години само затоа што јас сум претседател‘“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Џо Бајден за ракот на простатата: „Нема да можам да водам толку разговори колку што се надевав“

ДЕСК

Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

ДЕСК

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

ДЕСК