Centar.mk
РЕГИОН

65.000 ДИНАРИ МЕСЕЧНО ЗА РОДИТЕЛИТЕ-НЕГУВАТЕЛИ – Во Србија денеска се доделени првите договори

Во Србија на 9 ноември беа врачени првите договори на родители-негуватели, со кои се остварува право на месечен надоместок од 65.000 српски динари. Според соопштението на српската влада, новиот систем вклучува уплата на придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, со што на корисниците им се признава и работен стаж.

Законот започна да се применува на 1 октомври 2026 година, а исплатите треба да започнат во наредните денови. На родителите што не присуствувале на доделувањето договорите ќе им бидат доставени преку надлежните центри за социјална работа. Правото се признава од датумот на поднесување на барањето, доколку тогаш биле исполнети законските услови.

Можеби ќе ве интересира

ОД УТРЕ ПОЕВТИНИ ГОРИВА ВО ХРВАТСКА – Бензинот 1,61 евро, дизелот 1,85 евра за литар

ДЕСК

50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВАТА – Албанија планира месечна помош за деца до пет години

ДЕСК

БУГАРИЈА ПЛАНИРА 245 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА – Во фокус семејствата и децата

ДЕСК