Руските сили извршија нов ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, при што се оштетени станбени објекти и се повредени најмалку две лица. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека експлозии биле регистрирани во околината на градот, а делови од ракетите паднале врз станбена зграда во западниот дел на престолнината.
Според градските власти, оштетена е фасадата на петкатна станбена зграда, како и уште еден објект. Украинската воена администрација соопшти дека штета претрпела и зграда во која се наоѓа детска градинка. Жителите биле предупредени дека опасноста од дополнителни напади сè уште постои.
Нападот се случува само неколку дена пред најавените разговори меѓу претставници на Украина, Русија и САД во Абу Даби, закажани за 10 ноември. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди дека Русија подготвува нови удари врз енергетската инфраструктура, мостовите и други важни објекти.


