Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

Со запалени свеќи, транспаренти и пораки против насилството, граѓаните на Богданци синоќа се собраа на мирен протест по трагичната смрт на 17-годишната Билјана Кириќ. Градскиот парк беше исполнет со жители кои побараа одговорност и поголема институционална заштита на девојчињата и жените изложени на насилство.

Протестот следува по трагедијата во која животот го загуби малолетната девојка, а случајот предизвика силни реакции во јавноста. Особено внимание привлекуваат претходните пријави за насилство и прашањето дали надлежните служби навремено ги презеле сите законски предвидени мерки за заштита.

Собирот во Богданци беше израз на жалост, но и барање за одговори од институциите. За недела е најавен протест и во Скопје, со што граѓанските реакции добиваат пошироки размери.

Можеби ќе ве интересира

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК

ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕД НОВИ ПРОМЕНИ – Јаневска вели дека се реализирани над 75 проценти од реформите

ДЕСК

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК