Centar.mk
НАУКА

Откриен диносаурус што се хранел со овошје, живеел пред 66 милиони години

Научници открија нов вид диносаурус кој живеел пред околу 66 милиони години и, за разлика од своите месојадни предци, најверојатно се хранел претежно со овошје. Откритието, објавено во научното списание „Nature Communications“, дава нови сознанија за исхраната и еволуцијата на праисториските животни.

Фосилните остатоци се пронајдени во геолошката формација Хел Крик во САД. Новооткриениот вид, наречен *Infernogallus jamesi*, бил мал пердувест диносаурус, со големина на мисирка, тежок околу 12 килограми и долг приближно метар и половина.

Благодарение на добро зачуваниот череп, научниците откриле дека неговата вилица била приспособена за џвакање мека храна, особено овошје. Со помош на компјутерска томографија утврдиле дека можел да ја движи долната вилица напред-назад, слично на денешните папагали што се хранат со плодови.

Според истражувачите, ваквата анатомија му овозможувала да ја одвојува меката внатрешност на овошјето од семките.

„Откритието покажува дека исхраната на диносаурусите веројатно била многу поразновидна отколку што претходно мислевме“, изјави истражувачот Томас Даџон од Кралскиот музеј на Онтарио.

Научниците сметаат дека ваквите диносауруси можеби имале важна улога во ширењето на семињата и развојот на цветните растенија во периодот креда, иако тоа допрва треба да се потврди./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

КРАЈОТ НА СВЕТОТ ДОАЃА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ? Еве што навистина предвидел научен труд од 1960 година

ДЕСК

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

ДЕСК

Гренланд и Антарктикот изгубија 12 билиони тони мраз: нивото на морето се покачи за 31,4 милиметри

ДЕСК