Centar.mk
фото Тетекс
БИЗНИСПРОМО

Кога вкусот станува традиција: Приказната за едно од омилените места на скопјани

Местата во Скопје најчесто не ги паметиме само по адресата, туку и по луѓето, средбите и вкусовите кои не поврзуваат со нив. Ги паметиме и по паузите за ручек, спонтаните дружења и задолжителното прашање: „Што ќе јадеме денес?“.

Градот со децении расте и се менува, но некои места остануваат дел од скопското секојдневие. Такво место е и Тетекс, кој од 1970 година е дел од гастрономската традиција на многу скопјани. И по толку години, најубавата потврда за квалитетот на едно место се впечатоците на муштериите кои постојано му се враќаат.

„Бургерите се сочни и полни со вкус, помфритот е идеално крцкав, а десертите се совршен крај на оброкот“, вели Марјан И, еден од редовните гости на Тетекс.

Во динамичното градско секојдневие, храната е нашето вкусно прибежиште. Таа е повод да поминеме време со блиските, да направиме пауза од обврските и да се препуштиме на вкусовите кои се наше задоволство. Понекогаш токму топлото добредојде е причината поради која сакаме да му се вратиме на некое место каде што храната е дел од скопската безвременска енергија.

„Можеби најљубезните вработени што сум ги сретнала! Ни ја направија целата вечер поубава, а и храната беше за чиста десетка“, споделува Азра Б., една од гостинките на Тетекс.

Традицијата, пак, не значи останување во минатото, туку зачувување на препознатливото, а истовремено и следење на вкусовите на новите генерации. Од вечните препознатливи „ќебапи“ и сочните класични бургери, до модерните смеш бургери и многу други комбинации од кои секоја генерација може да го избере својот фаворит.

„Ако сакаш добра скара, на вистинското место си. Ќебапите и плескавиците се одлични, а порциите се токму како што треба“, порачува Денис А., љубител на добрата скара.

Повеќе од половина век, Тетекс е дел од секојдневието на Скопје. И можеби во тоа се крие вредноста на една традиција – кога едно место успева да ги поврзе генерациите и да остане препознатлив дел од градскиот живот.

Затоа и по повеќе од пет децении, едно добро познато прашање, се уште има едноставен одговор: „Ај у Тетекс!“

 

фото Тетекс

Можеби ќе ве интересира

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

ДЕСК

Божиновска: Енергетската транзиција мора да обезбеди сигурност и нови можности за економски развој

ДЕСК

АНАЛИЗА: Буџетското усогласување не значи откажување од гасификацијата

ДЕСК