Поради интервенција на водоводната мрежа на улицата „Коце Металец“, од 9 часот е најавен прекин на водоснабдувањето на повеќе улици во општина Гази Баба. Без вода, до завршување на работите, треба да останат потрошувачите на „Коце Металец“, „Зеничка“, „Тајмишка“, како и делови од „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџиска“. Интервенцијата опфаќа замена на затворач и надземен хидрант.
Паралелно, ЕВН најави планирани прекини на електричната енергија. Од 8 до 11 часот се опфатени улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“ во Гази Баба, од 10 до 13 часот улицата 37 во Волково, а од 11:30 до 14:30 часот делови од Чаир, вклучувајќи ги „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“. Станува збор за најавени термини, кои може да се менуваат зависно од текот на интервенциите.


