Centar.mk
БИЗНИСРЕГИОН

ЦРНА ГОРА ПРОГЛАСЕНА ЗА ВОДЕЧКА ЕВРОПСКА ПРИРОДНА ДЕСТИНАЦИЈА – награди и за Котор

Црна Гора ја освои наградата за водечка европска природна дестинација за 2026 година на церемонијата World Travel Awards.

Настанот првпат се одржал во оваа држава, во хотелот Hyatt Regency Kotor Bay Resort.

Котор, исто така, освоил награда како европска туристичка дестинација во развој, додека хотелот-домаќин добил три признанија. Од Националната туристичка организација оценуваат дека наградите претставуваат можност за посилна меѓународна промоција.