Протестите против скапотијата, ниските плати и состојбата на јавните услуги се проширија и низ Италија. Најголемите инциденти биле регистрирани во Милано, каде што дел од демонстрантите се судриле со полицијата.
Според извештаите од италијанските медиуми, маскирани лица фрлале пиротехнички средства и поставиле барикади во централната градска зона околу плоштадот Дуомо. Настаните покажуваат дека незадоволството од животните трошоци не е ограничено само на Франција.


