Centar.mk
РЕГИОН

ПЕТ БАРАЊА ЗА ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО СÈ УШТЕ ЧЕКААТ – над два милиона евра останале на сметки

Речиси четири години по завршувањето на програмата за економско државјанство во Црна Гора, пет барања и натаму немаат конечна одлука од Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме, на посебните сметки на апликантите останале 2,235 милиони евра.

Програмата формално завршила во декември 2022 година. Од вкупно 1.113 барања, за 869 е донесена позитивна одлука, а 239 се одбиени. Последните пет предмети остануваат нерешени без јасно објавен рок за завршување на постапката.