Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57 %.
Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.
Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.


