Молдавските власти регистрирале нови навлегувања на руски беспилотни летала во својот воздушен простор за време на нападите врз Украина. Дел од дроновите паднале на територијата на Молдавија.
Владата во Кишињев ја осуди Русија и оцени дека ваквите инциденти се директна закана за безбедноста на земјата. Молдавија во последните месеци бележи сè поголем број нарушувања на воздушниот простор.


