Centar.mk
СВЕТ

КРВАВ НАПАД ВО ГЕРМАНСКИ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА – една жена загина, две тешко повредени

Една 86-годишна жена е убиена, а уште две жени на возраст од 81 и 83 години се тешко повредени во напад со нож во дом за стари лица во Олфен, во западна Германија.

За нападот е осомничен 72-годишен маж кој живеел во истиот објект. Полицијата го уапсила без отпор, а истрагата треба да го утврди мотивот и точниот тек на нападот.