Centar.mk
РЕГИОН

АКЦИЈА ПРОТИВ КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ ВО БУГАРИЈА: Петмина приведени во Варненскиот регион

Бугарската полиција утрово спроведува специјализирана операција низ Варненската област поради сомневања за прекршување на изборните правила и други кривични дела.

Поставени се контролни пунктови и се проверуваат луѓе и автомобили, а досега се приведени пет лица. Полицијата најавува дека активностите поврзани со изборните прекршувања ќе траат до завршувањето на изборниот процес.