Centar.mk
РЕГИОН

АЛБАНИЈА ЗАТВОРИ ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ СО ЕУ: Сите 33 преговарачки поглавја веќе се отворени

Албанија и Европската Унија привремено го затворија Поглавјето 20, кое се однесува на претпријатијата и индустриската политика.
Со ова Албанија има четири привремено затворени поглавја, а сите 33 што се предмет на скрининг веќе се отворени.

Тирана најавува обид темпото дополнително да се забрза до крајот на годината.