Хрватскиот Сабор до доцна во ноќта расправаше за предлогот за недоверба на премиерот Андреј Пленковиќ поради случајот со нелегално депониран опасен отпад во Госпиќ.
Опозицијата бара политичка одговорност за институционалните пропусти, додека власта очекува иницијативата да нема доволно гласови. Во центарот на спорот се околу 37.000 тони отпад и прашањето кој знаел за проблемот и зошто не реагирал.


