Centar.mk
РЕГИОН

МАНДИЌ ГО ПРЕЖИВЕА И ТРЕТОТО ГЛАСАЊЕ: Црна Гора сега оди кон клучни уставни измени

Претседателот на црногорското Собрание Андрија Мандиќ останува на функцијата откако 41 пратеник гласал против негово разрешување, а 37 биле за смена.’

Со завршувањето на оваа политичка пресметка се отвора патот за дебата околу уставните измени за проверка на интегритетот и борбата против корупцијата, кои се важни за Поглавјето 23 и европската интеграција на Црна Гора.