Centar.mk
РЕГИОН

ЗАГРЕБ УТРОВО РЕЧИСИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Почна големиот штрајк на ЗЕТ и Загрепски холдинг

Штрајкот на работниците во Загрепскиот електричен трамвај и Загрепски холдинг започна утрово околу 3:30 часот, по неуспешните преговори за платите и колективните договори.

Во утринските часови сообраќаа само неколку трамваи и автобуси, додека редовниот јавен превоз во најголем дел беше запрен. Дел од службите за итни интервенции и минимален обем на комунални услуги продолжија со работа.