Centar.mk
РЕГИОН

ГРЦИЈА ГО МЕНУВА ДАНОКОТ ЗА СТРАНСКИТЕ КУПУВАЧИ: За дел од граѓаните надвор од ЕУ стапката може да порасне од 3 на 15 проценти

Планираното зголемување на данокот при купување станбен имот во Грција од страна на купувачи надвор од Европската Унија предизвика реакции на пазарот на недвижности.

Предлогот предвидува стапката да се зголеми од три на 15 проценти, но веќе се подготвуваат исклучоци. Мерката треба да стартува од 1 јули 2027 година и, според досега објавените детали, нема да ги опфати сите категории странски купувачи.