Centar.mk
РЕГИОН

БРНАБИЌ ЈА ПРЕЗЕДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ДОЛЖНОСТ ВО СРБИЈА: По оставката на Вучиќ станува вршител на функцијата

Ана Брнабиќ утрово ја презеде должноста вршител на функцијата претседател на Србија, откако Александар Вучиќ вчера поднесе оставка.

При примопредавањето Вучиќ ѝ ги предал претседателскиот печат и документите поврзани со функцијата. Според српските правила, вршителот на должноста може да ја извршува функцијата најмногу три месеци, а во тој период треба да се организираат претседателски избори.