Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сè помалку работници во индустријата, најголем пад во рударството

Бројот на работниците во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3.3 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во периодот јануари – јули 2026 во однос на периодот јануари – јули 2025 година се намалил за 2.8 %.

Бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година е намален за:

7.8 % во рударството и вадењето камен
2.3 % во преработувачката индустрија
0.9 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК