Centar.mk
СВЕТ

Маѓар: Унгарија не поддржува забрзан прием во ЕУ за ниту една земја кандидат

Унгарија не поддржува забрзана постапка за пристапување во Европската Унија (ЕУ) за ниту една земја кандидат, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Маѓар во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ наведе дека за време на средбата со Кошта разговарал за проширувањето на ЕУ и дека го повторил ставот на Унгарија оти не поддржува забрзана постапка за пристапување на „ниту една земја кандидат“.

Говорејќи за миграцијата, Маѓар истакна дека Унгарија, особено имајќи ги предвид случувањата во шпанската ексклава Сеута во северна Африка, останува на ставот дека законските мерки и физичката бариера на границата се неопходни за запирање на илегалната миграција.

„Унгарија и понатаму ќе ги штити заедничките граници на Европската Унија. Очекуваме нашите напори да бидат признаени и на европско ниво“, наведе Маѓар во објавата на „Фејсбук“.

Тој, како што додаде, му пренел на Кошта дека Унгарија ќе може да го прифати новиот седумгодишен буџет на ЕУ само доколку постигнатиот компромис биде во согласност со интересите на унгарските граѓани и компании.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека Будимпешта очекува што поскоро решавање на прашањето за суспензијата на казната од еден милион евра, која ѝ беше изречена на Унгарија за време на претходната влада на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан./Извор:Makfax