Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

16-ГОДИШНИОТ НИКОЛА МИТАНОВСКИ ОД РЕСЕН ПРЕД ГОЛЕМ ЧЕКОР: На прагот е на Црвена звезда

Шеснаесетгодишниот Никола Митановски од Ресен е пред еден од најважните моменти во својата досегашна фудбалска кариера. Младиот фудбалер е на чекор до договор со белградска Црвена звезда, клуб со голема традиција и едно од најпознатите имиња во регионалниот фудбал.

Љубовта кон фудбалот кај Никола се родила уште додека бил дете. Гледајќи го својот брат, и самиот почнал да се интересира за фудбалот, а првите вистински чекори ги направил во школата „Тотал Преспа“ од Ресен.

На 10-годишна возраст го продолжил својот развој во школата „Талент“ од Битола, а три години подоцна станал дел од младинската школа на Пелистер. Во следниот период ги бранел боите на битолскиот клуб и продолжил да работи на својот фудбалски развој.

Зад можноста што денес се отвора пред него стојат години тренинзи, упорност и голема желба за напредок. На само 16 години, Митановски сега е пред можност да направи голем исчекор и својот развој да го продолжи во Црвена звезда.

За еден млад фудбалер од Ресен, ваквата можност е големо признание, но истовремено и нов предизвик. Доколку дојде до договор, пред Никола ќе се отвори ново поглавје во кариерата и можност да се докажува во една од најпознатите фудбалски средини на Балканот.

На младиот Никола Митановски му посакуваме многу успех во периодот што следува и уште многу добри фудбалски моменти.