Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски објави видео 35 години независност – промоција на СДСМ

Соопштение на СДСМ интегрален текст:

Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија.

И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ.

Во видеото е Киро Глигоров.

Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија.

Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ.

Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ.

Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО.

Затоа во видеото нема место за Никола Груевски.

Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови.

Нема место ниту за оваа актуелна Влада – затоа што нема што да покаже.

Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради.

Македонија има причина да биде горда.

И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ.