Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина стои зад нападот со беспилотно летало врз рускиот товарен брод „Спарта II“ во Финскиот Залив, што се случил во саботата.
Според неговата изјава пренесена од меѓународните медиуми, бродот бил легитимна воена цел бидејќи, како што тврди украинската страна, превезувал оружје. Во инцидентот, што се случил во меѓународни води, бил повреден еден член на екипажот.
Тврдењето дека бродот превезувал оружје сè уште не е независно потврдено. Инцидентот предизвика реакции кај северноевропските држави, кои инсистираат воените активности да не ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на Балтичкото Море.


