Реализацијата на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, продолжува во општина Илинден. Денес се работи на асфалтирање на улица „5“ во населено место Кадино.
Со градежните работи се асфалтира дел од улицата во должина од 310 метри. Асфалтирањето се врши поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа.
Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на интензивна реализација на проекти за изградба, реконструкција и санација на локалната патна инфраструктура на целата територија на општината, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот и побезбедно одвивање на сообраќајот.
фото Општина Илинден


