Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нова бактерија-Клековски едно – Мицкоски друго, кому да веруваме?

Соопштение на СДСМ:

Клековски вели:
до крајот на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие.

Мицкоски вели:
по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење.

Кому да веруваме?
Никому од нив.

Како што рековме – повторно се кријат резултатите.

Повторно нема документ што потврдува дека водата е технички исправна.

Ја пуштија водата затоа што Мицкоски рече „од утре“ техничка вода во Гостивар.

Повторно заради политички поени се трујат граѓани.

Сега имаме нова бактерија.

Мицкоски зборува за тоа како да се случува некаде далеку,
а не на луѓето во Гостивар.

Сега е јасно зошто повеќе никој не му верува на Мицкоски.

Сè лаже.

И сè ќе направи заради рејтинг. Ќе ја обвини опозицијата. Ќе ги искористи жртвите и нивните семејства.

Спремен е на сè – само заради власт.

На власт дојде со лаги и денес владее со лаги.

Христијан Мицкоски е една голема лага.