Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Ранет со остар предмет во градниот кош – малолетник донесен во градска, рекол дека играле со врсник без намера да се повредат

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.