Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Без дозвола седнал зад волан, па го стигнала полицијата: Приведен 30-годишен скопјанец

На 24.07.2026 во 22:10 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода маж(30) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.