Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција.
„Можно е тие снимки да се создадени со вештачка интелигенција“, рече Трамп, додавајќи дека не е сигурен дали некогаш ќе има конечен извештај за случајот.
Во меѓувреме, организацијата „Амнести интернешнал“ повторно побара целосна истрага и утврдување одговорност, оценувајќи дека семејствата на жртвите заслужуваат вистина, правда и обесштетување. Според организацијата, американската војска е одговорна за нападот, додека истрагата сè уште е во тек./Извор:Makfax


