Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Австрија, се почувствува и во Словенија

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија.

Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена.

Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на пат меѓу местата Шотвиен и Брајтенштајн.

Потресот го регистрирале и словенечките сеизмолози, кои соопштија дека бил почувствуван во северозападниот дел на Словенија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЗО БАРА ДОВРШУВАЊЕ НА ПАНДЕМИСКИОТ ДОГОВОР – Во фокус пристапот до вакцини и третмани

ДЕСК

УНЕСКО ПРЕДУПРЕДУВА НА РАСТ НА НЕКАЗНИВОСТА – Без разрешница за најголем дел од убиствата на новинари

ДЕСК

ВЛАДИНА КРИЗА ВО БЕЛГИЈА – Де Вевер понуди оставка по неуспешните буџетски разговори

ДЕСК