Centar.mk
СВЕТ

Двајца мажи избодени во напад со нож во Њујорк

Њујоршката полиција истражува напад со нож во кој вчера на Менхетен беа повредени двајца мажи – еден со азиско, а другиот со еврејско потекло – откако сведоци и жртвите изјавиле дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“.

Полицијата го уапси 51-годишниот Раул Моралес, а мотивот за нападот сѐ уште се истражува. Според првичните информации, можно е психичката состојба на осомничениот да имала значајна улога во инцидентот.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Повредените, мажи на возраст од 57 и 50 години, се здобиле со повеќекратни убодни рани и се хоспитализирани во стабилна состојба. Полицијата соопшти дека нападот бил непредизвикан и дека засега нема докази за поврзаност меѓу осомничениот и жртвите.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го осуди нападот и порача дека „на вакви дела на омраза и насилство нема место во нашиот град“, додека истрагата за мотивот продолжува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ ПИЛОТИ ПРЕД ТЕХНОЛОШКА ПРЕСВРТНИЦА – Идните борбени авиони можеби ќе летаат без пилот

ДЕСК

ЕСТОНИЈА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА НА ШЕСТ МЕСЕЦИ – Нови безбедносни мерки на истокот на Европа

ДЕСК

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК