Centar.mk
СВЕТ

Техеран предупреди: Ќе почнеме сеопшта офанзива ако нападите продолжат

Иран се закани дека ќе започне сеопшта офанзива доколку американските напади врз земјата продолжат уште неколку дена, додека САД седма ноќ по ред изведуваат воздушни удари.

Воен советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе премине во фаза на сеопшта офанзива ако американските напади продолжат уште два до три дена.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

„Иран повеќе нема да се задоволи само со возвраќање на ударите и ниту една граница нема да биде безбедна“, порача Резаи, пренесе иранската државна телевизија.

Во меѓувреме, американската војска соопшти дека продолжува со нова серија напади врз Иран, чија цел е дополнително слабеење на иранските воени капацитети.

Иранските власти, пак, тврдат дека во нападите биле оштетени електроенергетската мрежа, мостови, пристаниште, аеродром, телекомуникациска инфраструктура и железничка станица, но овие информации не се потврдени од Вашингтон.

Револуционерната гарда соопшти и дека два нафтени танкери експлодирале и се запалиле при преминување низ минско поле јужно од Ормутскиот Теснец, без да соопшти на која држава ѝ припаѓале пловилата и дали има жртви./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК