Centar.mk
БИЗНИС

Бен Афлек продаде компанија на Нетфликс за 587 милиони долари

Нетфликс го презеде ВИ стартапот „InterPositive“, основан од холивудскиот актер Бен Афлек, во зделка вредна 587 милиони долари, покажуваат документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност (SEC).

Компанијата, која Афлек ја основа во 2022 година во Лос Анџелес, развива алатки со вештачка интелигенција наменети за постпродукција на филмови. Системот не создава филмови од почеток, туку им помага на режисерите и продукциските тимови да ги подобрат веќе снимените кадри.

Според Афлек, технологијата може да отстранува сајли од каскадерски сцени, да реконструира пропуштени кадри, да ја подобрува осветленоста и позадината, оставајќи им повеќе простор на авторите за креативниот дел од процесот.

„Целта е да се зачува она што го прави раскажувањето приказни човечко“, изјави Афлек, додавајќи дека со Нетфликс дели одговорен пристап кон развојот и примената на вештачката интелигенција во филмската индустрија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИМАТЕ ПАРИ НА СМЕТКА, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ – Во кои ситуации банката може да го ограничи пристапот до средствата?

ДЕСК

ОКОЛУ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА – Славески објасни што претходело на вонредните мерки

ДЕСК

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

ДЕСК