Centar.mk
СВЕТ

Воз удри во автомобил во Полска, има повредени: објавена е снимка од ударот

Две лица се повредени во Полска откако товарен воз удрил во патнички автомобил на премин и го влечел по пругите, соопштија Полските државни железници.

Несреќата се случила во Ченстохова.

Според соопштението од железничката компанија, судирот се случил откако возачот на автомобилот го игнорирал трепкачкиот црвен предупредувачки сигнал на преминот.

Возот го турнал автомобилот по пругите по ударот. Две лица се повредени.

Околностите на несреќата се утврдуваат./Извор:Makfax