Centar.mk
СВЕТ

Пожар избувна во болница во Германија, има жртви

Двајца пациенти починаа рано утрово во пожар во болница во Лудвигслуст, на север од Германија, а најмалку 34 лица се повредени, објави противпожарната служба на тој град.

Болницата е целосно евакуирана откако избувнал пожарот, а противпожарната служба објави дека пациентите се згрижени на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагешау“.

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на радиолошкото одделение.

Како што е објавено, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот

ДЕСК

КАНАДА И АВСТРИЈА ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА – Безбедноста и економијата во фокусот на разговорите

ДЕСК

НОВ БРАН ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ЕВРОПА – Најмалку 18 летови погодени, активирани безбедносните служби

ДЕСК