Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Бојковска: Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

Прес конференција на Бојковска од ВМРО ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати.

Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати.

Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок.

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Тоа се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се средства кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред.

Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните.

Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува темелите на модерна дигитална држава, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисот. Оваа динамика продолжува и годинава. Ќе бидат донесени и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда, со цел Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведување на реформите.

Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните.

Тоа е суштината на реформите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да работи на целосно спроведување на Реформската агенда, на развој на дигитализацијата и на нејзиното вклучување во сите области од општеството.

Македонија мора да биде држава која не ги оптоварува граѓаните, туку им го олеснува секојдневието.

Македонија забрзува.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ