Centar.mk
СВЕТ

Градоначалникот на Москва: Пресретнати се 46 дронови лансирани кон главниот град на Русија

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утрово изјави дека се пресретнати 46 украински дронови лансирани кон главниот град на Русија, но не прецизираше дали има повредени или материјална штета.

Во серија пораки на Телеграм, Собјанин спомена девет бранови дронови кои биле уништени од противвоздушната одбрана додека се движеле кон градот.

Тој прецизираше дека спасувачките екипи се распоредени во областите каде што паднале остатоците од дроновите, без да даде други детали./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК