Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Големо апсење во Скопје: Откако направил друго кривично дело, полицијата увидела дека се бара и за доиздржување на седумгодишна затворска казна

На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото.

Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож. При преземање мерки и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека С.Ш. бил баран со судска наредба за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК