Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Историјата останува главно поле на судир меѓу Скопје и Софија

Прашањата за историјата и идентитетот остануваат меѓу најчувствителните точки во односите меѓу Македонија и Бугарија. Политиколозите оценуваат дека бугарските коментатори остро реагираат на ставовите на македонското раководство дека историските прашања не треба да бидат услов за европска интеграција.

Следејќи ги пораките што сè почесто се појавуваат во бугарските медиуми е дека историската комисија тешко може да постигне суштински резултати во актуелните политички околности и дека историската комисија е во ќорсокак.

Притоа во бугарските анализи се инсистира на целосна примена на договорените протоколи од 2022 година, вклучително и прашањата поврзани со историската комисија, архивите и говорот на омраза. Притоа често, оценуваат политиколозите, во Бугарија се испраќа порака дека без напредок во овие области не може да има напредок во евроинтеграциите.

Од друга страна пак, ставовите на македонското раководство дека историјата не треба да биде услов за европската интеграција директно се судираат со бугарското инсистирање историските прашања да останат составен дел од процесот. Поради тоа, дел од бугарските коментатори оценуваат дека работата на комисијата ќе продолжи да се соочува со блокади и ограничен напредок.

Ваквите позиции покажуваат дека Софија не очекува брзо надминување на историските спорови и дека прашањето ќе остане еден од клучните инструменти за политички притисок во наредниот период.