Покрај финансискиот и безбедносниот колапс, овој закон, според асоцијациите, претставува „свесна одлука на државата да доведе една легална дејност до банкрот“. Директна последица од тоа ќе биде губењето на работните места на повеќе од 10.000 директно вработени и десетици илјади соработници во придружните дејности. Ова значи дека над 35.000 граѓаните, заедно со своите семејства, преку ноќ ќе станат социјални случаи и кандидати за иселување од земјава.
Од АСОМ и АПИС потсетија дека тие никогаш не беа против регулација, туку напротив – понудија конкретни европски решенија во три столба: драстични казни за влез на малолетници, либерализација на онлајн пазарот наместо државен монопол и инвестирање во национални едукативни кампањи. Но, институциите покажаа целосен игнорантски однос.
Работниците испратија последно предупредување до пратениците дека доколку законот се изгласа уште во прво читање без јавна расправа, денешниот собир е само почеток. АСОМ и АПИС најавија дека нема да отстапат и дека ќе го бранат легалниот сектор со масовни протести низ цела Македонија сè додека предлог-законот целосно не се повлече.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


