Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ЗНАМ е како и анкетите на ВМРО – лажни и на копче

Соопштение на СДСМ:

Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ.

Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција.

Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот на нивниот голем татко, на ред се и овие двајца.

А ЗНАМ… Мислите ли дека граѓаните заборавиле дека вие сте создадени и финансирани од Мицкоски за да ја напаѓате СДСМ?

Заборавивте ли дека токму вие ја предадовте сопствената партија и сопствените гласачи заради бизнис интересите на Максим Димитриевски?

Влеговте во тендер коалиција со оние кои сега ги браните.

Сега кога ЗНАМ повеќе не постои ниту во нарачаните анкети, преостанатата група околу Максим Димитриевски го одработува својот дел – го брани режимот напаѓајќи го СДСМ.

ЗНАМ не е партија. Никогаш и не беше. Тоа е мала група на бизнис интереси која доби задача да ја штити власта.

Дури ни соопштенијата немаат кој да им ги пишува, па им ги пишува Ивона Талевска.

Граѓаните го гледаат тоа.

ЗНАМ исчезнува и се распаѓа, а СДСМ останува единствена организирана сила која може да ја сопре оваа криминална група на чело со Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

НОЌНА ДРАМА ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО СКОПЈЕ: Повредени неколку лица, обвинителството отвори постапка против 36-годишник

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК