Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка

Во рамките на 69. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 9 јуни 2026 година (вторник), со почеток од 12:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка.
Целта на Предлогот на закон за парничната постапка е да се уредат прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот, како: вештачењето, доставата, забрзување на постапката во споровите од мала вредност и др., кои беа констатирани од сите засегнати страни (судови, адвокати, државни органи и сл), некои од нив нотирани и во забелешките на Светска банка преку извештајот на „Doing bussines 2020“.

Со предложените решенија се очекува унапредување на парничната постапка кон успешно и ефикасно остварувањето на правата и интересите на сите учесници во постапката.

Истовремено, ќе се изврши прецизирање и усогласување на одредбите од Законот за парничната постапка со другите поврзани закони, а со тоа воспоставување стабилен граѓанско-правен систем преку пополнување на постоечките правни празнини и негово усогласување со европските стандарди и современите општествени текови посебно во заштитата на колективните интереси и права на граѓаните.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците покани претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации, да учествуваат на јавната расправа и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата.
Јавната расправа има за цел да овозможи широка стручна и јавна дебата за предложените законски решенија и нивното влијание врз правосудниот систем.

Можеби ќе ве интересира

НОЌНА ДРАМА ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО СКОПЈЕ: Повредени неколку лица, обвинителството отвори постапка против 36-годишник

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК