Соопштение на СДСМ:
Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“.
Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните.
Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години.
Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг.
Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги.
Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно.
Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата.
Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање.
ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто.
Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните.
Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога.
Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните.
Доста е со лаги и празни ветувања.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


